Зборувавме со над 20 сениори во српската гејминг индустрија. Кога ќе ги изгледате овие шест епизоди, би требало да ви стане многу појасно што можете и што сакате да направите во гејмингот. Ќе ги дознаете сите најбарани професии, најнови алати и различни позиции во индустријата.
Можете да правите игри, навистина! Во оваа епизода ќе дознаете што е 2Д-уметност, еколошка уметност и текстурна уметност – како да ги научите, каде да најдете работа и кој може да Ви помогне. Зборувавме со сериозни луѓе од Phobos, Two Desperados и Mad Head Games.
Тука може да видите кои позиции постојат за 2Д и 3Д-уметност и да дознаете сè за нив.
Експлозии, магла, портали, магии и други чуда. Колку повеќе, толку подобро. Кој го прави сето ова и во кои програми? А потоа трејлери, кои и самите понекогаш се ремек-дела. Сето ова и повеќе во разговори со луѓе од српската гејминг индустрија.
Зборувавме со артисти од Art Bully, Bunker Studio и Crater Studio.
Зошто некогаш веднаш се откажуваме од игра со брутална графика, одличен перформанс и без ниту една грешка? Што прави една игра игрива, а друга не? Дизајнерите на игри се одговорни за тоа – не, нема никаква врска со тоа што го гледаме, туку со механиките, нивоата, непријателите, вештачката интелигенција итн. Дознајте што точно прави дизајнер на игра, како да станете еден и други корисни работи.
Тајните на дизајнот на игри ни ги открија Shosha Games, Demagog Studio и Nordeus.
Клик, бум, шлап, жврц, бонг, пап, вуш, ааа! Без добри звуци, нема добра игра. Тука се вклучени звуците од околината и оние што ги прават ликовите, предметите и оружјата, како и дијалогот и музиката. Како се прави сето ова? Може ли некогаш да станете гласовен актер? Дали сте идниот Трој Бејкер или Бер Мекрири?
Луѓето во Sensible Shouting, Euclidean Studios и Waveform Studio ни кажаа сè за звуците во игрите.
Неверојатно е што секоја игра е направена од некого – понекогаш од еден човек, а понекогаш од над 200 луѓе! Сите се вклучени во пишувањето, цртањето, музиката и организацијата, и во епизодава ќе дознаеме каде да го научиме сето тоа. Совет: малку образование, многу труд и вежбање.
Во оваа епизода ќе се запознаете со експерти од Факултетот за драмски уметности во Белград, Универзитетот „Метрополитан“ и институтот SAE.
На некои игри работат над 200 луѓе од различни континенти. Некој мора да го организира сето тоа за играта да излезе навреме и да не се потрошат повеќе пари од потребното. За ова се одговорни продуцентите, кои заедно со артистите и девелоперите, се клучната врска за да се издаде една игра.
Во оваа епизода зборувавме со вработени од Ubisoft Belgrade, Playstudios Europe и Playrix RS.
Можете да ги најдете сите позиции во гејминг идустријата тука!