FAQ - често поставувани прашања

Онлајн платформата Shift2Games е наменета за секој заинтересиран да влезе во светот на развој на игри и бара можности во еден од многуте сектори на најбрзорастечката креативна индустрија во светот. Ова еднакво важи и за оние кои ја бараат својата прва работа и оние кои веќе работат, но сакаат да се префрлат во гејминг индустријата. Средношколци, студенти, млади професионалци или искусни поединци – веруваме дека сите ќе најдете корисни информации и содржина ако сте заинтересирани за професија во гејминг индустријата.

Онлајн платформава е дел од поширокиот проект Shift2Games, поддржан од Српската гејминг асоцијација (SGA), заедно со нејзините бројни партнери, членови и спонзори, без кои не би бил возможен ваков проект. Можете да дознаете повеќе за SGA на веб-сајтот на организацијата, а за проектов и вклучените партнери на страницата За проектот.

Забележавме дека има сериозна потреба за неа и добивме желба правилно да се справиме со тоа. Целта ни е да ја подигнеме свеста за професионалните можности во гејмингот и да помогнеме да се надминат предрасудите присутни меѓу постарите генерации. Сакаме да им помогнеме на компаниите да ги привлечат најдобрите можни кандидати за нивните отворени работни места и да Ви помогнеме да се спремите што е можно подобро за тие можности.

Не! Освен страницата на којашто сте, нашиот проект вклучува и серија тематски ТВ-емисии што можете да ги следите на каналот SK esports, како и на YouTube каналот на SGA. Исто така, секоја година има саем за вработување во гејмингот и други области од „креативната технологија“. Српската гејминг асоцијација (SGA), Асоцијација на македонската индустрија за видеоигри (MGI), Bit Alliance од Босна и Херцеговина (BA), Monte Games од Црна Гора (MG), Albanian Gaming Community (AGC) и Kosovo Game Developers (KGD) ги организираат настаниве, а има и планови за серија помали настани и работилници што ќе Ви помогнат подобро да се спремите за работа во областа на развој на видеоигри.

Можете да ги заследите профилите на социјалните медиуми на одредени гејминг компании кои привремено објавуваат содржини за конкретни позиции во гејминг индустријата, нивните сличности и разлики.

Не, зад страницава не стои индивидуална гејминг компанија. Меѓутоа, зад неа стои цела регионална гејминг индустрија, што се состои од гејминг компании кои се членови на следниве асоцијации: Српската гејминг асоцијација (SGA), Асоцијација на македонската индустрија за видеоигри (MGI), Bit Alliance од Босна и Херцеговина (BA), Monte Games од Црна Гора (MG), Albanian Gaming Community (AGC) и Kosovo Game Developers (KGD).

Играњето и создавањето на видеоигри се две сосема различни работи. Затоа тука не се фокусираме на конкретни игри, жанрови или компании, туку на луѓето, вештините и процесите зад една добра видеоигра, чиј развој честопати трае со години. Секако, не треба да ги игнорираме „лошите“ затоа што најдобро се учи од грешки. 🙂

Секако, оние кои сакаат да играат игри имаат предност кога бараат работа во индустријава затоа што корисничкото/играчкото искуство секогаш е приоритет и цели тимови работат на многу различни аспекти од играта за да ја постигнат крајната цел – играчот да ужива, да се инспирира и да сака да ја игра играта до крај, а дури и повеќепати.

Често читаме по медиумите дека ова е една од најбрзорастечките индустрии во светот што во однос на вредноста далеку ги надминува целата филмска и музичка индустрија заедно. Повеќепати! Речиси половина свет игра видеоигри – ја надминавме бројката од три милијарди играчи.

Ова е динамична и многу креативна индустрија што оди во чекор со, но и ги создава, некои од клучните нови технологии и иновации што имаат многу пошироки примени. Платите во гејминг индустријата се конкурентни, условите се високи, компаниите се иновативни и професионалците кои работат во нив главно се страсни за својата работа. Проектите и производите на коишто работите можат да достигнат до милиони играчи. Нема резултати без тимска работа и знаењето великодушно се споделува. Развојот на „тврди“ и „меки“ вештини е составен дел од работата. Заедницата на развивачи на видеоигри е добро поврзана и секогаш е спремна да ги поддржи и да им помогне на оние кои се на почетокот на своето патешествие.

Некои позиции кои може да ви бидат познати од други индустрии (дизајн, ИТ, архитектура, маркетинг, итн.) може да имаат сосема поинаков карактер или функција во контекстот на гејминг. На пример, „дизајн на игра“ не се однесува на некој аспект од визуелниот дизајн на играта (за што се одговорни повеќе други позиции во уметничкиот оддел), туку на самиот концепт на играта, дефинирањето на нејзиниот жанр, идеалниот играч, динамики, механики, системи…

Ова е само еден од многу примери. Маркетингот, развојот на бизнисот, стекнувањето на корисници и другите области имаат свои карактеристики во гејмингот. Токму тоа е една од причините зошто ја создадовме страницава, која содржи список од професии поделени по оддели или сектори, детален опис за секоја од нив, потребни вештини, користени алати, интересни ресурси итн.

Гејминг индустријата е екстремно мултидисциплинарна. Тоа значи дека на проект за развој на игра може да се сретнете со професионалци од уметност, инженеринг, анимација, 3Д-моделирање, пишување, бизнис теми, правни аспекти, економија, физика, математика, антропологија, психологија и многу други професионалци од технички, уметнички и хуманистички дисциплини. Има и многу „сектори за поддршка“ како маркетинг, човечки ресурси и правни оддели. Земајќи го предвид сето ова, Ви гарантираме дека дека има место за Вас во оваа индустрија, дури и да не знаете една линија код!

Планираме да поставиме „самотестирање“ на почетната страница каде што секој ќе може да одговори на 10-20 прашања за своето образование, вештини и преференции за да добие предлози за тоа во кои сектори на развојот на игри има позиции и работни места што се најсоодветни за него. Ова не е дефинитивен тест за тоа која работа во гејмингот Ви е наменета, туку може да Ве насочи кон позиции за кои не сте знаеле или претпоставиле дека можете да работите на нив.

Обично е најдобра комбинација помеѓу формално и неформално образование. Но има и други самоуки посветени поединци во индустријата кои сами стекнале знаење и вештини преку посветена работа и вежбање. Некои колеџи нудат курсеви или програми поврзани со развојот на игри, а има и центри за обука посветени на тврди вештини (разни софтвер алатки итн.). Можете да дознаете повеќе за ова на страницатa Образование.

Секогаш се учи најдобро со вежбање, па Ви предложуваме да бидете проактивни кога барате можности за пракса или соработка со поискусни ментори. Можете и да започнете личен проект како мал предизвик што ќе придонесе на Вашето портфолио (ова особено важи за уметничките и технички улоги). За оние кои веќе работат во поврзана индустрија и сакаат да се пренасочат кон видеоигри, Српската гејминг асоцијација (SGA), Асоцијација на македонската индустрија за видеоигри (MGI), Bit Alliance од Босна и Херцеговина (BA), Monte Games од Црна Гора (MG), Albanian Gaming Community (AGC) и Kosovo Game Developers (KGD) ќе организираат настани и работилници што им помагаат на тој пат.

Не, таа не е целта на страницата и проектот.

Ако имате прашања на кои не сме одговориле