Целта на проектот Shift2Games е да се популаризираат гејмерската професија и индустрија за развивање на игри меѓу младите кои ги завршуваат средношколските или факултетските студии, како и млади професионалци кои веќе се активни во други релевантни индустрии.
Гејминг индустријата и индустријата за креативна технологија се некои од најбрзорастечките области, и глобално и на локално и регионално ниво. Има огромна побарувачка за млади таленти и искусни професионалци.
Целта ни е да им ги ставиме на располагање сите потребни и релевантни информации, да им помогнеме да се ориентираат и да се запознаат со неверојатнава индустрија што зависи од посветеноста и пасијата на луѓето во неа, кои изградиле силна и отворена заедница од луѓе кои се поддржуваат меѓусебно и вистински го сакаат тоа што го прават. И додека го прават тоа, создаваат производи и искуства во кои уживаат милиони луѓе, без разлика каде се наоѓаат на планетава.
Проектот се состои од три главни дела: онлајн образовната платформа што ја прелистувате сега, информативен ТВ формат и повеќе разновидни настани. Сите заедно имаат цел да им обезбедат повеќе информации на младите жени и мажи за можните кариери, да им дадат увид во тоа како изгледа работата во гејминг тимови и компании и да ги поврзат со главните играчи и потенцијални работодавци во гејминг индустријата.
Иницијативава би требало индиректно да резултира со подобро усогласување на очекувањата помеѓу работодавците и работниците, што ќе доведе до попродуктивни работни можности.
Онлајн платформата е клучна за овој процес. Платформата ги опишува и демистифицира професиите во гејминг индустријата и им помага на младите да се спремат за нив, со што го прошируваме кругот на таленти.
На платформата ќе се објавува различна содржина, како видеоинтервјуа со професионалци во индустријата, видеа каде што се објаснува одредена професија во гејмингот, секција за вести со информации за новоотворени позиции и можности за обука, стручни статии со фокус на работни места во индустријата, како и известувања за работилници, настани за вмрежување и релевантни конференции и саеми за вработување.
Во соработка со водечкиот српски еспорт тим Fortuna Esports, се лансира нов ТВ формат посветен на афирмација на индустријата на креативна технологија и гејминг индустријата на младите заинтересирани за професионален развој на игри. Ќе имаме експерти од индустријата како редовни гости и ќе презентираме новости од индустријата – ќе се емитуваат шест епизоди еднаш месечно, со една реприза.
Ова е само почетокот и се надеваме дека ќе ја продолжиме емисијата и ќе ги покриеме сите релевантни оддели и позиции во индустријата. Целта на уникатнава емисија е да допреме до младите кои се страсни за (играње) игри, но можеби не знаат дека постојат вистински можности за кариера во секторот. Каналот SK esports е вистинското место да ги контактирате!
За крај, работилниците и настаните што ќе ги организираме имаат цел да им го заштедат времето при вработување и на компаниите и на нововработените, кои веќе ќе имаат релевантен увид во тоа како изгледа работа во индустријата за развој на игри. Во отсуство на настани за вработување конкретно фокусирани на креативни и дигитални вештини (област каде што има голем број на отворени работни места), планот е да ги споиме повеќето компании од екосистемот и директно да ги поврземе со студенти и млади професионалци преку саеми за вработување, работилници и курсеви за преквалификација.
Сето ова не би било можно без искрената поддршка од многуте партнери и поддржувачи, како и извонредните српски гејминг компании и професионалци кои секогаш се отворени да ги споделат своите искуства и мислења. Ви благодариме! Знаеме дека ова е само почетокот.
Српската гејминг асоцијација (SGA) е невладина, непрофитна организација посветена на развојот на домашната гејминг индустрија. Нашите членови се тимови, компании и поединци вклучени во развојот на видеоигри во Србија, како и услуги поврзани со оваа моментално најразвиена забавна индустрија во светот. Посветени сме и на нашите компании и на гејминг заедницата и екосистемот како целина.
Нашата цел е да ја подобриме конкурентноста на членовите на глобалниот пазар, да ги создадеме најдобрите можни услови за развој на видеоигри во Србија и да ги подобриме талентот и креативноста на луѓето во овој сектор. Сето ова го правиме со помош и поддршка од нашите партнери и пријатели и со координација на активностите и иницијативите со претставници од Владата на Србија, други бизниси и непрофитни организации, образовниот сектор, како и други здруженија од забавната индустрија.
Целта на програмата RECONOMY е да го користиме моменталното знаење и практики и да и да поттикнеме учење и размена меѓу земјите. Програмата го постигнува тоа со вклучување на разни заинтересирани страни, вклучително јавни институции, непрофитни организации, академски заедници и бизниси. Правејќи го тоа, програмата се фокусира на чести проблеми со кои се соочени земјите од двата региона, како и заеднички актери кои можат да ги зајакнат и поддржат системските подобрувања.
Бидејќи RECONOMY препознава дека луѓето живеат во држави, а не региони, програмата се фокусира на локално-регионални процеси и односи. Без рамка што ја зема предвид локацијата, развојните иницијативи што ги игнорираат овие факти често пропаѓаат.
Help – Hilfe zur Selbsthilfe e.V. Е германска невладина хуманитарна организација регистрирана во Бон во јули 1981. На самиот почеток на војната во Авганистан и бегалската криза што резултирала од неа, членови на сите политички партии во Германскиот парламент и други истакнати поединци ја основале Help. Нудејќи хуманитарна помош на бегалци од Авганистан кои пребегнале во Пакистан, Help си ја проширала работата во повеќе други држави. Организацијата Help нуди помош исклучиво врз основа на вистински потреби, без оглед на расата, потеклото или националноста на корисникот.
Денес Help е активна низ цел свет, и во проекти за итна помош за време на криза и во рехабилитација и проекти за развој. Пробуваме да поврземе помош и самопомош каде и да можеме. Една од главните цели на Help е да се охрабрат заедниците погодени од катастрофи и сиромаштија да пробаат сами да си ги подобрат животните услови. Затоа секогаш има блиска соработка и се нуди целосна поддршка за локалните партнери и невладини организации, бидејќи тие најдобро ги знаат животните стандарди, културата и потребите на локалното население.
Sida – Шведска агенција за меѓународен развој и соработка – е владин орган. Нашата мисија е дел од националната политика за глобален развој и се бориме да ја намалиме светската сиромаштија. Активностите на Sida се финансирани од шведските даночни приходи.
Се стремиме да ја намалиме сиромаштијата во светот со распределување на ресурси и знаење за да направиме разлика за луѓето во Африка, Азија, Европа и Латинска Америка. За да го постигнеме ова работиме со поединци од граѓанското општество и универзитетите, како и од јавниот и приватен сектор.
Зајакнување на гласот на сите жители, поттикнување на добро владеење, спречување на конфликти и радикализација на младите и промовирање на трансформативните ефекти на миграцијата врз развојот се клучните цели на глобалните програми на HELVETAS.
Оснажувањето, инклузијата и социјалната кохезија се аспирација, но не и реалност, за многу луѓе. Загрижувачкиот пораст на авторитаризам во последниве години, поттикнат од популистичка реторика и национализам, ја влошува ситуацијата. Во меѓувреме просторот за граѓанското општество постојано се намалува.
Кризата со КОВИД-19 доведе до дополнително загрозување на граѓанските и политичките права. Но пандемијата исто така ја истакна важноста на функционални владини системи. Потребно е време да се поттикне добро владеење и заштита на човековите права — особено во региони на светот каде што има нестабилност, конфликти и хуманитарни катастрофи.
Визијата на конзорциумот Creative Tech Serbia е да го воспотави доменов како „број еден“ креативна индустрија во Србија, што ќе ја стави нашата земја во лидерска позиција во областа на гејмингот во целиов регион.
Конзорциумот ќе се фокусира на поддршка на таленти во оваа област преку разновидна соработка помеѓу академскиот сектор и економијата, како и граѓански организации и стартапи посветени на развојот на формалниот и неформалниот образовен систем. Преку акцелератори и платформи за учење, концорзиумот ќе создаде систем за понатамошен развој на постоечките тимови и стартапи.
Во мултидисциплинарна индустрија што ја вклучува работата на артисти, креативци, инженери, технолози, претприемачи и широк спектар на други професии, Creative Tech Serbia ќе придонесе на создавањето на дополнителна вредност за домашната економија.
Кога децата и младите се спремни да одат на училиште, да учат и да ги стекнат вештините што им се потребни да живеат и работат, можат да изградат понадежни и попросперитетни иднини за себеси, своите семејства, заедници и држави. За жал, како резултат на пандемијата на КОВИД-19 (коронавирус), образовните системи низ цел свет беа опустошени, со многу затворени училишта, додека децата, младите, наставниците и семејствата беа соочени со уште поголеми предизвици. УСАИД е посветена на работата со нашите партнери во повеќе од 50 држави за да се осигураме дека студентите и заедниците се безбедни и продолжуваат да учат.
УСАИД им помага на партнерските земји, студенти и заедници да останат безбедни и да продолжат да учат за време на пандемијата со КОВИД-19 и потоа. Дознајте повеќе тука.
Зад проектот Serbia Inovira е група луѓе посветени да создадат средина што ќе ги поврзе клучните играчи на екосистемот на иновативна технологија. Целта ни е заедно да го поттикнеме и употребиме потенцијалот за иновација, со што ќе ја подобриме економијата на Србија.
Serbia Inovira е четиригодишен проект посветен на зајакнување на економијата со помош на иновативни решенија за деловите од економијата со најголем потенцијал за развој. Започната од страна на ICT Hub со поддршка од УСАИД, главната цел на проектот е да се зајакне економијата на Србија преку развојот на иновации. Централната точка на проектот е претставена со Суперкластер – глобално потврден бизнис модел со кој ќе ги постигнеме посакуваните резултати со неговата имплементација во локалната средина.
ICT Hub се создаде за да се поттикне комуникација меѓу креативни луѓе кои добро се разбираат едни со други. Започнавме во 2014 како центар за иновација и технолошко претприемништво. Од самиот почеток поврзуваме луѓе, стартап тимови, компании и организации и им нудиме консултација, образование и поддршка. Брзо станавме еден од клучните играчи во локалниот и регионалниот екосистем.
Денес сме тим посветен на откривање на потенцијалот кај луѓето и бизнисите, од мали тимови до корпорации. Во време на промени, им помагаме да се приспособат, да ги препознаат можностите и да се развиваат.
Им помагаме на компаниите да растат преку иновација и да се приспособат на сè посложените и променливите деловни услови со оснажување и поддржување на луѓето и нивните идеи. Ги претвораме предизвиците на новите технологии и промените во корисничкото однесување во совршени можности за развој.
Им нудиме уникатно гејминг и еспортско искуство на играчите и гледачите.
За нас, ова не е само игра. Сериозно го сфаќаме гејмингот. Уживаме во игри цел живот. Размислуваме, зборуваме и се фрустрираме за игри. Ние сме гејмери.
Настојуваме да ги приближиме светскиот еспорт и борбениот дух на гејминг заедницата до играчите и уживателите на игри од нашиот регион.
Fortuna е иновативна еспорт компанија основана во 2015. Се занимаваме со организирање на настани, студиска и видеопродукција на еспорт содржина за домашна и меѓународна публика, како и ТВ и онлајн пренос на меѓународни еспорт натпревари.