Политика за приватност

Сакаме да Ви покажеме зошто и како SGA собира и обработува лични податоци. Ова известување се однесува на заштитата на лични податоци што ние, како контролори на податоци, ги собираме преку нашиот веб-сајт достапен на www.sga.rs и дополнително ги обработуваме на начин и за целите наведени подолу во Политикава за приватност. SGA ги презема сите потребни технички, персонални и организациски мерки за заштита на податоци, во согласност со Законот за заштита на лични податоци (“Službeni glasnik RS”, No. 87/2018; во понатамошниот текст: „Законот“) и други релевантни регулативи. Ако не се согласувате со некоја одредба од Политикава за приватност, Ве молиме веднаш да престанете да ја користите нашата страница. Ако продолжите да ја користите, ќе сметаме дека се согласувате со сите правила содржани во Политиката за приватност.

Што собираме?

Податоци што сами ни ги нудите.

Ги собираме податоците што ни ги нудите директно додека сте на нашата страница. Тоа вклучува:

Претплата на билтенот. Кога се претплатувате на нашиот билтен со пополнување на формуларот „Претплатете се на нашиот месечен SGA билтен“, неопходно е да ја внесете адресата за е-пошта. Внесувајќи ја адресата за е-пошта, се согласувате да бидете редовно информирани за активностите на SGA. Адреса за е-пошта е податок што ни го давате на овој начин. 

Контакт. Кога праќате мејл на адресата sga@sga.rs, ни ги давате Вашите лични податоци и согласност да ги обработиме, односно да ги употребиме, зачуваме и анализираме во согласност со важечките закони и оваа Политика за приватност. Тоа го вклучува Вашето име (не мора да е вистинското име), адреса за е-пошта и самата содржина на пораката, што може да содржи текст и линкови. Сами ни давате колку сакате податоци.

Податоци што автоматски ги собираме

Кога пристапувате или ја пребарувате нашата страница, автоматски собираме одредени податоци за Вас. Тоа вклучува:

Податоци за посетителот. Собираме одредена количина на податоци моментот кога пристапувате на www.sga.rs. Тоа може да вклучува податоци за тврдиот диск или софтверот на компјутерот (IP-адреса, прелистувач, домен, време на пристапување, локација), кои ни овозможуваат да обезбедиме персонализиран кориснички пристап на веб-сајтот.

Податоци што ги добиваме со помош на колачиња. Изворот од којшто добиваме податоци за Вас како корисник се колачињата. Ова се мали податочни единици што прелистувачот ги чува на уредот, преку кои пристапувате на нашата страница и ни се испратени кога сте на нашиот веб-сајт. Ги користиме податоците за да Ви го подобриме корисничкото искуство, подобро да Ве разбереме Вас и Вашите потреби и да го приспособиме изгледот на содржината на страницата. Поради важноста на податоците, првата нотификација што ја добивате кога пристапувате на страницата е поврзана со колачињата. Дополнителни информации за колачиња има во следниот текст на документов под насловот „Колачиња“.

Податоци за локација. Можно е да добиеме и обработиме податоци за Вашата локација. На пример, може да собереме податоци за уникатната локација на Вашиот мобилен уред (користејќи ГПС или Блутут технологија). Можеме и да ја добиеме Вашата приближна локација користејќи ИП-адреса.

Зошто и како ги обработуваме Вашите податоци?

Обработката на личните информации се прави во електронски формат и може да ги содржи следниве операции за обработка: собирање, класификација, употреба, анализа, откривање, споделување, складирање и бришење.  

Ви ги обработуваме податоците за да:

  • ја изградиме, одржуваме и подобруваме нашата страница
  • да Ви го подобриме корисничкото искуство кога пребарувате содржина на нашата страница
  • да обезбедиме информации што Ве интересираат на начин што најмногу им одговара на Вашите потреби и желби
  • да Ве информираме за сите проекти на SGA, настани и новости (Ве потсетуваме дека можете да се откажете од претплатата на нашиот билтен во секое време)
  • да ги анализираме трендовите што нашите корисници секојдневно ги поставуваат пред нас како предизвици кон кои се стремиме.

Колку долго Ви ги чуваме податоците?

Ги чуваме личните податоци онолку долго колку што ни е потребно да ја постигнеме горенаведената цел со нивната обработка. Ја чуваме IP-адресата до две години (по овој период нашиот хостинг ги брише логовите, а IP-адресата се наоѓа во нив). Ако правната основа за обработката на Вашите лични податоци е Вашата согласност и решите да ја повлечете, а ние немаме друга правна основа да ги обработуваме, ќе ги задржиме сè додека не ја повлечете согласноста.  

Со кого ги споделуваме Вашите податоци?

Нема да ги споделиме Вашите лични податоци со трети лица без Ваша согласност, ниту ќе ги разменуваме со луѓе надвор од системот на подготовка, уредување и техничко одржување на веб-сајтот (кои може да бидат вработени во SGA или трети лица со кои SGA има договор за обезбедување услуги за одржување на веб-сајтот, како и нивните подизведувачи.). Вашите лични податоци се заштитени од злоупотреба, уништување, губење, неовластена измена и пристап, и во случаи кога директно ги обработуваме, и кога тоа го прават трети лица со кои сме склучиле договор или нивните подизведувачи. Кога споделувате одредени лични податоци со нас, податоците стануваат достапни за група луѓе.

Контакт со Вас. Кога директно нè контактирате преку мејл, до содржината на мејлот имаат пристап само вработените кои се одговорни да комуницираат со Вас. Не ја споделуваме, продаваме или предаваме содржината на Вашиот мејл на луѓе кои не ни се вработени. Исклучоци се луѓе кои не се дел од нашиот тим, но може да имаат пристап до Вашите податоци затоа што се: 

  • Нашите партнери. Може да ги споделиме Вашите податоци со бизнис партнери, консултанти и други даватели на услуги на кои им се потребни податоците да ни помогнат во секојдневните активности.
  • Претставници на нашите членови. Претставници на компании-членки на SGA ќе имаат пристап до Вашите податоци ако сте побарале контакт со компанија-членка преку контактот со нас, или ако содржината на Вашето барање подразбира вклучување на претставник од компаниите-членки.
  • Претставници на државни органи. Ќе ги споделиме Вашите податоци со претставници на државни органи ако има правна основа и официјално барање за нив. Доколку добиеме такво барање, ќе го информираме сопственикот на податоците што е можно побрзо, освен ако законот ни го забрани тоа.

Можно е да ги употребиме Вашите податоци за да започнеме и спроведеме соодветни правни постапки во случај Вашата активност на и/или во врска со нашиот веб-сајт ја прекршува политикава за приватност, правилата за користење на нашиот веб-сајт, други постоечки правила, процедури и/или закони или други правни прописи на Република Србија, со цел да ги заштитиме нашите права, правата на компаниите-членки и/или други корисници на нашиот веб-сајт или која било друго личност.

При создавање на различни извештаи за трендови на нашиот веб-сајт, Вашите податоци може да бидат вклучени во групен преглед на поединечни трендови, но на начин што во никој случај нема да може да Ве идентификуваат како корисник.

Врз која основа Ви ги обработуваме податоците?

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци е правната основа за нивната обработка, и можете да ја повлечете во секој момент, под услов повлекувањето да не влијае на законитоста на нивната обработка што била извршена пред повлекувањето. Во случај на повлекување, понатамошната обработка на Вашите лични податоци ќе престане што е можно поскоро, освен ако постои друга правна основа за обработката.

Правната основа за обработка на Вашите лични податоци може да биде реализацијата на легитимен интерес на SGA или трето лице (како на пр. нашите бизнис партнери и/или компании-членки на SGA), во врска со функционирањето на нашиот веб-сајт и/или однесување поврзано со користењето на нашиот веб-сајт.  

Линкови до други страници

Нашата страница може да содржи линкови до други страници. SGA не е одговорна за политиката на приватност или содржината на другите веб-сајтови. Ве советуваме секогаш да ги читате политиките за приватност на страниците за да знаете како личните податоци ви се обработуваат и дали се соодветно заштитени.

Колачиња

Нашата страница www.sga.rs користи колачиња. Колачињата се мали податочни единици што прелистувачот ги чува на уредите преку кои пристапувате на нашиот веб-сајт и ни ги испраќа кога сте на нашиот веб-сајт. Ги користиме само наведените колачиња:

__ga Колаче од Google Analytics. Се користи да се идентификуваат уникатни корисници. Трае две години. 

__gid Колаче од Google Analytics. Се користи да се идентификуваат уникатни корисници. Валидно е 24 часа. 

Mc4wp_subscribed Се користи да се обележат корисници кои се претплатиле на билтенот на DSI користејќи го формуларот на страницата. Валидно е 120 дена.

PHPSESSID Техничко колаче неопходно за основните функции на страницата. Истекува за една година. 

Можете да ги блокирате колачињата преку прелистувачот, но земете предвид дека во тој случај нема да можете делумно или целосно да ги користите функциите на нашиот веб-сајт.

Исто така, ако не сте ги блокирале, Ве молиме имајте на ум дека кога ќе го користите нашиот веб-сајт подоцна, во секој момент можете да ги избришете првично активираните колачиња, иако по бришењето веќе нема да можете целосно да ја користите функционалноста на нашиот веб-сајт. Во секој случај, можете подетално да дознаете како сето ова функционира ако кликнете на соодветната опција на менито од вашиот прелистувач.

Какви права имате за обработката на Вашите податоци?

Во однос на Вашите лични податоци, и во согласност со условите предвидени со закон, имате право во секое време да побарате информации за обработката на Вашите лични податоци и да ги пристапите, како и да побарате нивна копија, корекција, измена или бришење, ограничување на нивната обработка, да се противите на обработката (кога тоа се прави врз основа на легитимен интерес или за потреби на директен маркетинг) и (кога е применливо) да побарате прием или пренос на податоци во структуриран, често користен и електронски читлив формат, како и правото на одлука донесена исклучиво врз основа на автоматизирана обработка, што не се однесува на Вас.

Доколку правната основа на обработката на лични податоци е согласноста, имате право во секое време да ја повлечете, под услов повлекувањето да не влијае на законитоста на обработката што се одвивала пред повлекувањето. По повлекувањето на согласност, забранета е понатамошна обработка на податоците, освен ако има друга правна основа.

Исто така, SGA е обврзана да се осигура, доколку е применливо, дека гореспоменатите права се почитувани и да го овозможи нивното остварување во роковите предвидени со закон.

Во случај на неовластена обработка на Вашите лични податоци, имате право на правна заштита, вклучувајќи го и правото на жалба кај Комесарот за информации од јавен карактер и заштита на лични податоци, како и правото да одите на суд за да си ги заштитите правата.  

Контактирајте нè

Ако имате прашања или грижи за обработката на Вашите лични податоци или ако сакате да остварите некое од горенаведените права, Ве молиме контактирајте нè на следната адреса или е-пошта:

Асоцијација индустрије видео игара Србије 

Гаврила Принципа 43 

11000 Белград, Србија, 

Е-пошта: sga@sga.rs  

Измени на Политиката за приватност

Секоја употреба на страницата на SGA е предмет на опишаните услови и одредби. Можно е во секое време да ја промениме содржината на Политиката за приватност без однапред да го известиме или да побараме посебна согласност од корисникот. Секоја измена на Политиката за приватност ќе биде објавена на страницава. Затоа ве замолуваме периодично да ѝ ја проверувате содржината за навремено да бидете известени за секоја промена. Ако продолжите да ни ја користите страницата по тоа, ќе сметаме дека сте се согласиле со новата содржината на Политиката за приватност.