На 5 декември во Скопје официјално беше (повторно) лансирана новата верзија на платформата Shift2Games. Овој настан беше организиран од SGA (Здружение на индустријата за видео игри на Србија) и MGI (Macedonian Gaming Industry Association), а MGI беше вклучен и во локализацијата на платформата на македонски јазик.
Освен на македонски, отсега содржината на страницата можете да ја читате и на албански јазик, благодарение на AGC (Albanian Gaming Community), а SGA се погрижи таа да биде разбирлива во целиот свет со тоа што ја преведе на англиски јазик. Дополнителна, „универзална“ верзија на БХС е наменета за корисници од целиот регион.
Ова е исклучително важно бидејќи Shift2Games е единствен ресурс и до денес не најдовме место каде што е можно да се добијат подетални информации за дури 50 позиции во индустријата за игри во 10 различни полиња. Дополнително, на платформата е можно да се најдат експертски изјави во форма на блогови, како и интервјуа во шесте епизоди од серијата Shift2Games, кои сега се достапни и со превод на англиски јазик.
Платформата беше лансирана пролетта 2023 година на српски јазик, а оттогаш под нејзино покровителство се одржуваат настани Career Days, кои досега се одржуваа во Србија, а планирани се и голем број помали настани и работилници кои ќе помогнат во средношколците, студентите и младите професионалци подобро да се подготват за нивното вработување во областа на развој на видео игри.
Зад овие идни настани, како и новата верзија на оваа платформа, стои целата регионална индустрија за игри, која ја сочинуваат членовите на овие здруженија: SGA (Здружение на индустријата за видео игри на Србија), MGI (Macedonian Game Industry Association), Bit Alliance (БА) од Босна и Херцеговина, Monte Games (MG) од Црна Гора, AGC (Albanian Gaming Community) и Kosovo Game Developers (KGD).
Shift2Games не би бил возможен без поддршката на програмата RECONOMY. RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за развој Сида, која ја спроведува HELVETAS Swiss Intercooperation, во соработка со организацијата Help – Hilfe zir Selbsthilfe e.V и други партнери во земјите од Западен Балкан и Источното партнерство.