Што се прави во Mama Production?
Mama Production е студио за анимација и Live Action, главно фокусирано на гејминг. Ние се занимаваме проекти од идеја до реализација. Понекогаш клиентите треба да креираат содржина, понекогаш ние според постоечките инструкции. Ние доставуваме готови реклами на клиенти кои вклучуваат звук и SFX, како и формати по желба.
Од која индустрија доаѓате и што работевте таму?
Завршив продукција и првите работни места ми беа во организација на разни настани, по што првата работа ја добив во филмската индустрија, каде работев неколку години како асистент во продукција. После тоа започнав да формирам семејство и тоа ме однесе во друга насока, бидејќи не можев а не ни сакав да работам 15 часа на ден и да немам време да ги гледам децата. На крајот на краиштата, јас сум мајка, ха-ха!
После тоа работев како продуцент во студио на проекти поврзани со пост-продукција, но имаше и многу проекти кои се одвиваа во живо, а тоа очигледно е еден од моите омилени аспекти на оваа работа. 🙂
Кога првпат слушна за видео игри? Како поврза дека би можела таму да ја ,,запослиш’’ својата креативност?
Во водите на гејмингот влегов сосема случајно, без никаков план – самиот живот ме однесе по тој пат. Започна со еден клиент, друг, трет… Паралелно се зголеми и нашиот тим на аниматори и дизајнери. Открив дека навистина уживам во видео игрите бидејќи добив слобода да се изразувам креативно, која баш и не може многу да се изрази во работата на комерцијални проекти и студиски реклами. Во гејмингот, но и генерално во дигиталниот свет, одлично е што клиентите се подготвени да произведуваат и тестираат многу различни содржини и идеи. Во тимот често се шегувавме: „Еј, супер си поминуваме, се забавуваме некој друг ни плаќа!“. 😀 Мојот омилен дел од оваа работа е доаѓањето до идеи.
Кои искуства и вештини од претходно можеше да ги искористиш во игрите?
Ги пренесов скоро сите вештини кои се важни во оваа работа: организација и распределба на работата, комуникација, мултитаскинг, проценка на обемот на работа и рокови… Психологијата пред се – како да се однесувате кон одреден клиент, како кон одреден артист.
Сепак има еден интересен сегмент. Морав да се одучам од многу работи што ги знаев од претходно за да можам да научам нови работи и да се отворам за нови искуства. Работниот процес е едноставно сосема поинаков, побрз, подинамичен, пократок и поевтин.
На какви проекти работите сега?
Моментално работиме на голем проект за кој сеуште не можам да зборувам. Станува збор за проект со живи луѓе, кој сега е во монтажа и постпродукција. Кога се ќе заврши, ќе ви се јавам да се пофалам! 🙂
Дали индустријата за игри е она што го очекувавте? Што ве изненади најмногу?
Ништо не очекував, ниту планирав да влезам во индустријата. Тешко ми беше, а тешко ми е и сега да го разберам пазарот и публиката. Едноставно, кога ќе сфатам дека работиме за клиенти чии игри достигнуваат над 50 или 100 милиони играчи, не се чувствувам добро, хаха!
Кои биле ваши клиенти досега?
Навистина имавме можност да работиме со големи имиња како Angry Birds 2, Dream Blast Happy Color, Niantic, Dragon City, Monster City и Disney Mirrorverse, како и со SuperPlay и King.