Концепт артист/ка

Концепт артист/ка е одговорен/a за дизајнирање и развој на визуелните аспекти на видео игрите, особено во фазата на креирање на самата идеја за играта. Неговата/нејзината улога е да ги оживее идеите на дизајнерот на играта преку рачни или најчесто дигитални скици, цртежи и слики. Концепт артистот/ката обично тесно соработува со гејм и уметничкиот директор за да ја разбере целната публика, целокупната визија на играта, а особено нејзиниот изглед и чувство. Се очекува тој/таа да понуди неколку варијанти на идејното решение и да може дополнително да ги комбинира предложените решенија, за да дојде до најблиската претстава на она што го замислиле креаторите на играта.

Покрај тоа што има уметнички вештини, Концепт артистот/ката мора да има добро разбирање на процесот на развој на видео игри и техничките барања на нивниот дизајн, односно што е реално можно да стане дел од финалниот производ. Може да биде вклучен/а во креирањето на карактери, околина, дизајни на оружје и возила и мора да биде способен/на да ги приспособи својот стил и техники на различни жанрови и платформи. Концепт артистот/ката може да биде вклучен и во скриптирање, создавање концептуална уметност за промотивни материјали и соработка со други членови на тимот за развој на игри за да се осигура дека визуелниот дизајн се наоѓа под ист чадор  со стилот и атмосферата, и пред сè, дека е привлечен.

Алати

Adobe Photoshop

Adobe Illustrator

Corel Painter

Procreate

Autodesk Sketchbook

Substance Painter

ZBrush

Maya

Cinema 4D

СОРАБОТКА СО ДРУГИ ТИМОВИ

Концепт артистот/ката тесно соработува со членови на други тимови чии идеи треба да ги оживее. Затоа, една од најважните соработки е со дизајнерите на игри. Дизајнерот/ката на играта треба да ја доближи целокупната визија на играта до Концепт артистот/ката, особено низ призмата за која публика е наменета играта, и соодветно на тоа треба заеднички да усвојат естетски стил што ќе се користи во текот на играта и нејзиното претставување. Скиците и другите визуелни претстави на ликовите и околините што ги создава Концепт артистот/ката треба да им помогнат на дизајнерите на игри да ги усовршат своите идеи.

Концепт артистот/ката соработуваат и со други уметнички тимови, како што се 3Д моделери, аниматори/ки и уметници/чки за текстура. Скиците креирани од Концепт артистот/ката служат како референца за 3Д моделите и уметниците за текстура кога создаваат средства за игра. Улогата на Концепт артистот/ката во соработка со аниматорите е да се осигура дека движењето на ликовите и другите работи во играта е во согласност со целокупниот стил и визија на играта. Од фазата на генерирање идеја до нејзината реализација, има многу промени, па Концепт артистот/ката во текот на процесот на развој понекогаш мора да ја ревидира својата работа со цел уметничкиот аспект да се прилагоди на промените направени од другите членови на уметничкиот тим. Ефективната соработка е клучна за да се обезбеди искуство со играта што е ангажирано и во согласност со целокупната визија на проектот.

ВЕШТИНИ

Во зависност од стажот, се очекува оваа позиција да може да го совлада, прави и испорача следново:

ТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ (HARD SKILLS)

  • Цртеж и илустрација
    • Знае композиција, анатомија, теорија на бои и други основни принципи на уметноста, има способност брзо да скицира.
  • Софтверско знаење
    • Ги разбира софтверските способности и како да користи различни алатки и функции за создавање визуелна содржина.
  • 3Д моделирање
    • Пожелно е основно разбирање на софтверот за 3Д моделирање за создавање груби 3Д карактери или околини.

МЕКИ ВЕШТИНИ (SOFT SKILLS)

  • Комуникација
    • Обезбедува и добива повратни информации конструктивно и е отворен/а за ревизија врз основа на туѓи коментари и предлози.
  • Управување со времето
    • Ги почитува роковите на проектот, ги разбира приоритетите и  знае кога треба да ја ,,крене’’ четката од платното.
  • Прилагодливост
    • Покажува способност за работа во брзо и динамично опкружување, како и флексибилност во пристапот кон стилот и медиумот.

СТАЖ

Во зависност од стажот, се очекува оваа позиција да може да го совлада, прави и испорача следново:

ЈУНИОР

  • Го разбира брифот врз основа на кој го создава концептот и може да добие повратна информација со која ја ревидира својата работа.
  • Работи во согласност со воспоставениот стилски водич и целокупната визија на играта, која ја добива од уметници со повисок стаж.
  • Ефикасно соработува со другите членови на неговиот тим и другите тимови преку комуникација на неговите идеи и конструктивно добивање повратни информации.
  • Отворен/а е за учење нови вештини и техники за подобрување на неговата работа, и ја проучува теоријата и историјата на уметноста.

МЕДИОР

  • Создава оригинални и иновативни концепти за ликови, околини и други материјали за игра, генерирајќи идеи кои се и визуелно привлечни и функционални.
  • Развива свој стил и носи уникатна перспектива, поместувајќи ги границите на визуелниот дизајн на игри и создавајќи препознатлива уметност.
  • Има водечка улога во мали проекти или тимови, каде што го надгледува создавањето на одреден концепт и комуницира со другите членови на тимот.
  • Тој/таа е ментор, дава повратни информации кои помагаат да се подобрат вештините на јуниорите, и е примерен концептуален уметник/ца и ги инспирира другите.

СЕНИОР

  • Го дефинира и специфицира визуелниот стил на играта во соработка со уметничкиот директор, создава водич за стилови и ја поставува визуелната насока за проектот.
  • Води големи проекти или тимови, надгледувајќи го создавањето на повеќе средини, ликови и други средства на играта, управувајќи со рокови, буџети и ресурси.
  • Обезбедува креативна насока и повратни информации, помагајќи им на другите да ги подобрат своите вештини, ги инспирира и мотивира другите членови на тимот.
  • Соработува со надворешни партнери за да се осигура дека неговата/нејзината работа ги исполнува визуелните стандарди кои ги задоволуваат потребите на играта.
КОНЦЕПТ АРТИСТ // 2Д УМЕТНОСТ //
КОНЦЕПТ АРТИСТ // 2Д УМЕТНОСТ //

Образование

Ако сте заинтересирани за кариера со 2Д уметност во гејминг индустријата, постојат неколку образовни насоки што можете да ги разгледате. Прво и основно, стекнување со диплома во соодветната област, како што се ликовната уметност, дигиталната уметност, анимација или гејм дизајн, која може да ви даде цврста основа, но нема целосно да ве подготви за работа во индустријата. Најдобро е да барате програма за стекнување со диплома која конкретно се фокусира на дигитална уметност и развој на игри, бидејќи поверојатно е да се покриват теми како дизајн на карактери, концепт уметност, илустрација и дигитална уметност – сите клучни вештини за 2Д уметност. Дополнително, курсевите за компјутерска графика, теорија на бои и познавање на софтвер (како што се Adobe Photoshop, Illustrator и слични програми) ќе бидат корисни за развивање на вашите технички вештини.

Освен формалното образование, од суштинско значење е да изградите добро портфолио што ќе ги покаже вашите вештини. Ова може да вклучува лични проекти, концептуална уметност, дизајни на карактери и илустрации кои ја пренесуваат вашата креативност и експертиза во работата со дигиталните софтвери. Особено е корисно да работите со тим за развој на видео игри за да стекнете практично искуство и да го проширите вашето портфолио. Вмрежувањето во индустријата, без разлика дали преку онлајн заедници, социјални медиуми или настани поврзани со индустријата, исто така може да ви обезбеди корисни сознанија. Бидете во тек со трендовите во индустријата и постојано подобрувајте ги своите вештини за да останете конкурентни на ова динамично поле.

РЕСУРСИ

КНИГИ

  • “The Skillful Huntsman” – Scott Robertson, Khang Le, Mike Yamada
  • “Framed Ink” – Marcos Mateu-Mestre
  • “Color and Light” – James Gurney
  • “The Silver Way” – Stephen Silver
  • “The Art of Pixar: 25th Anniversary” – Amid Amidi

ПОЕДИНЦИ

  • Scott Robertson (@scottrobertsonconcept)
  • Lois van Baarle (@loish)
  • Sparth (@nicolasferez)
  • Jama Jurabaev (@jamajurabaev)
  • Feng Zhu (@fengzhu_design)

Како изгледа интервјуто за оваа позиција?

Вести

Нашата единствена веб платформа за професионална ориентација во доменот на игри е (де)локализирана на уште три јазици, со дополнителна БХС верзија наменета за корисници од целиот регион!
Работењето во индустријата за игри е секогаш возбудливо патување, но процесот на добивање работа е исто толку возбудлив како и самите игри. Ако имате страст за игри, секое ниво во процесот ќе ви донесе задоволство, а не само предизвик. Со развојот на индустријата се зголемија и стандардите во неа, па затоа е важна добрата подготовка. Во овој блог можете да најдете совети кои ќе ви помогнат да се истакнете во морето на кандидати
Зборувавме со над 20 сениори во српската гејминг индустрија. Кога ќе ги изгледате овие шест епизоди, би требало да ви стане многу појасно што можете и што сакате да направите во гејмингот. Ќе ги дознаете сите најбарани професии, најнови алати и различни позиции во индустријата.
КОНЦЕПТ АРТИСТ // 2Д УМЕТНОСТ //
КОНЦЕПТ АРТИСТ // 2Д УМЕТНОСТ //